Search

Словенија го укина Кризниот штаб – Владата целосно ја преземе координацијата во борбата против коронавирусот

Словенечката Влада реши да го укине Кризниот штаб кој изминатиов период ја координираше борбата против коронавирусот, јави дописникот на МИА од Љубљана. Со одлуката сите обврски на дневно ниво ќе ги носи исклучиво Владата и ресорните министерства. Портпаролот на сега веќе укинатиот Кризен Штаб Јелко Кацин, кој од денес е нов гласноговорник на Владата во врска со епидемијата, изјави дека искуството покажало дека борбата со коронавирусот ќе биде поефикасна без таков штаб.

– Потребно и да им се заблагодариме на медиумите, на сите државјани и жители на Словенија бидејќи почнаа да однесуваат многу одговорно. Ако се потребни нови мерки навремено ќе известиме – изјави Кацин за Телевизија Словенија.

Кацин најави дека секојдневно ќе продолжат прес-конференциите на кои граѓаните ќе ги добијат сите потребни информации поврзани со епидемијата од коронавирусот.

Треба да знаете
Последни објави