Search

Словенија го преслуша и Исланд

Во првиот натпревар од денешните три од групата 2, кои се играат во Малме, во рамките од втората фаза на 14. Европско ракометно првенство, Словенија го совлада Исланд (30:27). Со овој триумф селекцијата на Словенија продолжува да реди победи. На четири настапи, три во првата групна фаза и овој од втората има максимален скор од четири победи.

Словенците под водство на новиот селектор Љубомир Врањеш играат добар ракомет. Го преслушаа и Исланд. Во оваа победничка европска партија предводник на словенечката репрезентација беше Деан Бомбач, за кого противникот немаше решение како да го запре, па мечот го заврши со двет погодоци од 11 упатени удари кон голот, а им аситираше на своите соиграчи да поентираат десетпати.

Треба да знаете
Последни објави