Search

Словенечкото Собрание на итна седница гласа за закони за помош на економијата и последиците од коронавирусот

Словенечкото Собрание денес одржува итна седница на која е предвидено по итна постапка да се изгласаат неколку закони кои предвидуваат директна финансиска помош на економијата, што трпи големи загуби поради епидемијата на коронавирусот.

Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, еден од законите е оној за помош на компаниите што поради епидемијата со коронавирусот нема да можат да обезбедат плата и работа за најмалку 30 отсто од вработени и ќе добијат пари за да не им се уништи бизнисот, а да можат да исплатат плата. Обврската на работодавците е на вработените да им дадат 80 отсто од висината на просечната плата во последните три месеци, а државата ќе покрие 40 отсто од оваа сум, а работодавецот 60 отсто.

Собранието по итна постапка ќе го гласа и законот што предвидува одложување на плаќањето на кредитите за компаниите. Одложувањето е договорено во соработка за банките и ќе трае 12 месеци. Оваа уредба како една од повеќето кои се однесуваат на ублажување на поседиците од коронавирусот ќе можат да ја користат компаниите од сите сектор, а за сега нема да важи за физичките лица, односно граѓаните.

Дополнително Собранието ќе гласа и за Закон кој ќе обезбеди непречена дистрибуција и производство на храна. Па така директна државна помош ќе добијат производителите на месо и живина.

Последниот Закон се однесува на правосудството, односно јавната управа, каде што се предвидуваат повеќе мерки кои се во насока на превенција на ширење на коронавирусот.

Треба да знаете
Последни објави