Search

Словенечки научници и академици преку писмо реагираат на „непрафатливата политика” на Јанша

– Група словенечки научници и академици преку отворено писмо предупредија, како што напишаа, на неприфатливата и опасна политика на Јанез Јанша.

Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, во писмото на кое прв потпишан е професорот Руди Ризман, кој докторирал на Харвард, се наведува дека за нив е неприфатлива политиката на Словенечка демократска партија (СДС), која меѓу другото се состои и од отворена реторика на омраза, нетолеранција, ксенофобија, хомофобија, националистички популизам и директни притисоци врз судството.

Потпишаните претставници на академската и научната јавност оценуваат дека доколку Јанша ја формира новата Влада, Словенија набрзо ќе се најде во онаа група земји, кои во Европската Унија се на „црната листа” поради кршење на принципите на демократијата и владеењето на правото.

– Ние овие наши ставови ги изградивме врз верувањето дека политиката на СДС е штетна и радикално нетолерантна, па затоа Влада предводена од оваа партија не може да ја донесе потребната стабилност и социјален развој во Словенија, се посочува во писмото потпишано од 75 интелектуалци.

Треба да знаете
Последни објави