Search

Словенечките газди нудат по 250 евра за секој кој ќе донесе нов работник

Зголемениот број на инвеститори предизвика недостаток на работници во Словенија, па во одредени сектори се нудат парични награди за сите оние кои им донесат нова работна сила.

Словенечката економија е во пораст, и се базира на извозот, кои сочинуваат 80 отсто од бруто домашниот производ. Во моментов има недостаток на персонал и заварувачи, но и работници во фабрики за издувни системи. За сите кои препорачуваат или носат нов работник газдите и директорите нудат 250 евра стимулација.Во текот на изминатите четири години, странските инвестиции во Словенија се зголемија за 4,5 милијарди евра. Според економските портали ова особено се чувствува во помали, недоволно развиени средини. Конкретно во Марибор најголемиот производител на авто делови, фабриката “Магна” гради нов погон. Logatec и инвеститори од Јапонија отвараат фабрика за производство на роботи и медицинска опрема. Станува збор за околу 1.000 нови работни места во земјата, во земја со само пет проценти на невработеност.

Словенечката Влада се согласи на барањето минималната плата да се зголеми на 640 евра. До 2021 година таа ќе изнесува околу 730 евра.Синдикатите ја поздравуваат оваа одлука, а словенечките работодавци се плашат дека тоа ќе ја намали конкурентноста.

Ако инвеститорите да продолжат да инвестираат во Словенија, ќе се зголеми и животниот стандард, а тоа ќе го почувствуваат и работници од соседните земји, кои доаѓаат во оваа земја да работат.

(В.А.)

Треба да знаете
Последни објави