Search

Словенечкиот премиер Шарец од денеска нема парламентарно мнозинство

Владата на словенечкиот премиер Марјан Шарец од денеска нема парламентарно мнозинство за гласање закони, откако партијата Левица ја повлече поддршката на Кабинетот поради несогласувања околу укинувањето на дополнителното здравствено осигурување.

– Ова е последно домино во низата која падна, констатираме дека Владата отстапи од договорот што го имаше со нас, па договорот за нашата соработка со владата повеќе не го сметаме за обврзувачки. Од сега сме во вистинска опозиција, изјави претседателот на Левица Лука Месец.

Неговата партија во Парламентот има девет пратеници и од создавањето на лево-либералнара Влада на Марјан Шарец минатата година ги поддржуваше владините социјално насочени програми согласно посебен договор, иако немаше свои претставници во Владата.

Треба да знаете
Последни објави