Search

Словенечката полиција откри 730 килограми ирански хероин

Словенечката полиција минатиот месец во бродски контејнер на пристаништето во Копер откри 730 килограми хероин, за компанија со седиште во Будимпешта. Во соработка со унгарските колеги, успешно била завршена операцијата за следење на товарот и откривање на сторителите, објавија денеска на прес-конференција претставници на двете полиции. Присуството на дрога во контејнерот, кој по скенирањето бил оценет како сомнителен, било откриено од полициско куче, а пратката била скриена во контејнер со 437 ролни полиетиленски филм. Полицијата во него открила 1.421 пакување хероин, со вкупна тежина од 730 килограми, што е најголема количина од оваа опасна дрога пронајдена во Словенија во последните 30 години.

Двете полиции откриле дека криминална група од Унгарија организирала транспорт на контејнери со дрога од Иран преку Обединетите Арапски Емирати, односно Дубаи, до пристаништето Копер, пренесе хрватски „Индекс“. Контејнерот бил наменет за унгарска компанија, беше соопштено на прес-конференцијата. Анализата на дрогата открила дека станува збор за хероин со висока чистота, односно мешавина со 70 проценти чист хероин, што може да чини меѓу 65 и 87 милиони евра според уличните цени на европскиот пазар.

Треба да знаете
Последни објави