Search

Словенечката влада доби двајца нови министри

Словенечкиот парламент ги назначи Алеш Шебер за нов министер за здравство во коалиционата влада на Марјан Шарец, и Симон Зајц, министер за животна средина и просторно планирање, така што владата повторно почнува да работи во целосен состав по оставките на претходните министри.

За новите министри гласаа 49, а против 20 пратеници. Поранешниот министер за животна средина и просторно планирање Јуре Лебен поднесе оставка откако медиумите го поврзаа со малверзации за средствата за изградба на стратешката железничка пруга Копер-Дивача, од кои наводно се финансирале активностите на партијата на тогашниот премиер Миро Церар, објави Хина.

Поранешниот министер за здравство, Само Факин, официјално се повлече поради болест, а неофицијално поради несогласување со премиерот Шарец за тоа како да ги реши проблемите со јавното здравје, рече Хина.

Шарец рече во средата во парламентот дека Шебедер е човек со големо искуство во управувањето со здравствените институции.

Треба да знаете
Последни објави