Search

Словачки министер пијан демолирал кинески ресторан, најави оставка

Словачкиот министер за животна средина објави дека поднесува оставка откако наводно пијан со неговиот брат учествувал во демолирање на кинески ресторан во Братислава, пренесуваат локални медиуми. Ласло Солимос наводно е фатен поради напад на персоналот на ресторанот и уништување на инвентарот, а според полицијата, еден вработен во ресторанот по нападот побарал и лекарска помош. Полицијата не го соопшти идентитетот на извршителот, но порталот „Плуска.ск“ пренела дека се работи за министерот Солимос, кој е член на унгарско-словачката партија Мост Хид.

Како што пренесуваат медиумите, уапсеното лице кое било во алкохолизирана состојба гласно протестирало поради апсењето тврдејќи дека е министер за животна средина. Словачкиот премиер, Петер Пелегрини го повикал Солимос и побарал јавно извинување од него, а министерот по средбата објавил дека поднесува оставка.

Треба да знаете
Последни објави