Search

Словачка протера руски дипломат наводно ангажиран во шпионажа

Словачкиот премиер Петар Пелегрини објави дека Словачка протерала руски дипломат по информации добиени од воената разузнавачка служба на земјата дека бил ангажиран во шпионажа, објави словачкиот медиум „Деник“.

„Го протеравме на 22 ноември и тој ја напушти Словачка во рок од 48 часа”, рече Пелегрини.

Премиерот додаде дека дипломатот, кој работел во Одделот на военото аташе во Руската амбасада, шпионирал против интересите на Словачката Република и НАТО. Пелегрини рече дека протерувањето се одвивало добро и во согласност со дипломатските норми.

Словачката амбасада во Москва одби да ги коментира извештаите за протерување на рускиот дипломат од земјата, а и портпаролот на Министерството за надворешни работи одби да го коментира инцидентот.

Руската амбасада во Словачка објави дека го анализира информациите за протерување на својот дипломат. Руската разузнавачка служба одби да даде коментар за ова прашање.

Словачка е единствената земја од Вишеградската група (Чешка, Полска и Унгарија), која одби да ги протера руските дипломати во знак на солидарност со другите европски држави поради наводната вмешаност на Москва во труењето на Скрипал. Наместо тоа, Братислава само го повика рускиот амбасадор на средба.

Треба да знаете
Последни објави