Search

Словачка: Прв смртен случај од 15 мај

Во Словачка во последните 24 часа е забележан прв смртен случај од последиците од Ковид-19 по 15 мај.

Во исто време, уште 27 лица биле заразени со коронавирус.

Од почетокот на пандемијата, коронавирусот е потврден кај 2.292 лица во Словачка, меѓу кои 29 пациенти ја изгубиле битката со болеста, пренесува ТАСР.

Во моментов се хоспитализирани 15 лица за кои е потврдено дека страдаат од Ковид-19 и уште 16 кај кои тоа не е случај, при што двајца пациенти се сместени во одделот за интензивна нега.

Во моментов има 568 активни случаи на инфекција во оваа земја.

Треба да знаете
Последни објави