Search

Словачка купува Ф-16 од „Локид Мартин“

Словачка ќе купи 14 воени авиони Ф-16 од „Локид Мартин“ за да ги замени советските „мигови“. Словачкиот министер одбрана Петер Гајдош потпиша договор со потпретседателот на Локид Мартин“ за меѓународен развој, Асном Вуговски, според кој првите четири авиони ќе бидат испорачани до 2022 година, а остатокот следната година, пренесе АП.

Премиерот Петер Пелегрини рекол дека неговата земја ќе ги плати авионите повеќе од 1,6 милијарди евра.

Договорот вклучува и муниција, обука на пилоти и друг персонал и логистички сервиси.

Треба да знаете
Последни објави