Search

Словачка воведува шестдневна забрана за движење за Велигден

Словачка планира да воведе целосна забрана за движење на граѓаните од 8 до 13 април, со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.

Ова го најави словачкиот премиер Игор Матович, што ќе биде забрана што ќе се применува пред и за време на Велигден.

Матович рече дека од оваа мерка ќе бидат исклучени само оние кои одат на работа, до продавница, на лекар, на погреб или му помогaат на друго лице, објавиja синоќа словачките медиуми.

Според него, целта на мерките е да се избегне непотребно патување и средби, а со тоа и непотребно ширење на инфекцијата, пренесува агенцијата „Ројтерс“.

Во Словачка, обичај е да се посетуваат роднини и пријатели за време на Велигден.

Матович најави дека регулативата ќе биде донесена денеска на владина седница.

Во Словачка досега се забранети меѓународниот патнички сообраќај, сите јавни настани, работењето на училиштата и повеќето продавници.

Во оваа земја заболени се 485 лица, а има само еден починат.

Треба да знаете
Последни објави