Search

Слободниот пад на шведската круна спореден со државите по државен удар

Една лоша нова прогноза од најголемата скандинавска банка „Нордеа“ предвидува дека шведската валута дополнително ќе изгуби од вредноста однос на еврото во наредните месеци, пренесува „Свенска даглбадет“.

„Вкупниот пад на круната е сличен на она што се гледа во земјите во кои се случил државен удар”, вели главниот стратег на „Нордеа“, Хенрик Унел.

Новата загуба во вредноста се предвидува да продолжи со тековниот тренд на девалвација што некои го опишаа како „слободен пад”. Во изминатите седум години, шведската круна загуби речиси 30 отсто од својата вредност во однос на еврото и 50 отсто во однос на доларот.

„Во февруари, вредноста на круната го достигна најниското ниво досега и ја надмина претходниот рекорд за финансиска криза. Шведските домаќинства добиваат само 80 оре за секоја круна што ја инвестираат во Шведска како компанија. Ова е јасно прекршување на договорот, но никој не протестира “, напиша Унел.

Според Унел, виновник за слабата круна е Централната банка, чија политика е да ги задржи каматните стапки на Шведска меѓу најниските во светот. Гувернерот на Централната банка, Штефан Ингвес, ја бранеше својата политика тврдејќи дека таа довела до голема вработеност и до поголем раст.

„Централната банка не може и не треба да ги стабилизира и инфлацијата и девизниот курс во исто време. Мора да одбере, а со инфлацијата како цел, неизбежно е девизниот курс да се придвижи”, напиша Ингвес во „Дагенс нихетер“ на крајот од март.

Унел го критикуваше овој став, сугерирајќи дека Централната банка го информира надворешниот свет дека тие всушност ги игнорираат сите последици од сопствената политика за инфлација.

Денес, каматната стапка во Шведска е минус 0,25 отсто. Ова се должи на ниската инфлација што ги „прогонува“ Шведска и Европа уште од почетокот на светската финансиска криза пред повеќе од 10 години. „Риксбанк“ нема намера да ги зголеми каматните стапки најмлаку до летото 2020 година.

Унел предвидува дека инфлацијата ќе продолжи да ја измачува Шведската централна банка заедно со другите централни банки во блиска иднина делумно поради тоа што Кина продолжува да произведува евтини стоки што ги извезува во остатокот од светот.

„Она што првенствено ги намалува каматните стапки во нашиот дел на светот е ниската стапка на инфлација. И како да ги зголемат кога цените на производитеод Кина се зголемуваат за 0,4 отсто во една година?” вели Унел.

Треба да знаете
Последни објави