Search

Слика на Ван Гог украдена од музеј во Амстердам

Од холандски музеј кој е затворен поради пандемијата на коронавирусот, синоќа е украдена слика на холандскиот уменик Винсет Ван Гог чија вредност се проценува на еден до шест милиони евра.

Музејот Сингер Ларен во истолниот дел на Амстердам соопшти дека сликата „Пролетна градина” била украдена во раните утрински часови откако крадците ја скршиле стаклената врата на влезот на музјот. Алармот ведаш се вклучил, но крадците избегале пред да дојде полицијата.

Сликата е од 1884 година и е една од серијата изработени додека сликарот престојувал во домот на неговиот татко.

Треба да знаете
Последни објави