Search

Следниот месец надлежната обвинителка ќе ги соопшти предлог казните за обвинетите во случајот Златна зора

– На 18 декември 2019 ќе се одржи рочиште во атинскиот суд на коe надлежната обвинителка ќе ги соопшти предлозите за казните за обвинетите во процесот против Златна зора, јави дописничката на МИА од Атина.

Доколку на обвинителката ѝ биде потребно дополнително време за одлуката, тогаш на закажаниот термин ќе биде одреден нов датум.

На денешното рочиште, по вчерашното сослушување на лидерот на партијата, Никос Михалољакос, зборот го имаа адвокатите, а одбраната поднесе приговор во однос на обвинението дека Златна зора е криминална организација. Тие се повикаа на Договорот од Палермо, што, според нив, предвидува дека предуслов за кривичното дело „криминална организација” е стремежот кон финансиска корист.

Треба да знаете
Последни објави