Search

Следната есен оглас за субвенции за плиски уреди во автомобилите

Следната есен оглас за субвенции за плиски уреди во автомобилите

Од следната година ќе почне субвенционирањето за вградување плински уреди во автомобилите, најави денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Тој посочи дека огласот ќе биде објавен есента и оти висината на сумата ќе се определува речиси како и кај останатите мерки за енергетска ефиканост, односно ќе се субвенционираат околу 50 проценти од трошоците за поставување на вакви уреди.

– Моментално работиме да се овозможат што повеќе средства за таа намена. Откако како Министерство ќе бидеме подготвени со сите подзаконски акти, тогаш предвидуваме некаде над три милиони евра за таа мерка. Во образложението на законот е предвидедено дека секоја година ќе ги зголемуваме средствата за таа намена, рече Бектеши, одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конфренција.

Треба да знаете
Последни објави