Search

Славниот Андерлехт пред банкрот

Андерлехттрпи страшни загуби поради коронавирусот и тоа би можело да го доведе овој клуб до банкрот.

Клубот одлучи да ги намали трошоците колку што е можно, а најцрното сценарио не го исклучува ниту газдата Карел Ван Етвелт.

„Коронавирусот има големо влијание на нашите животи. Андерлехт не може да побегне од последицата на пандемијата. Нашиот клуб е должен поради големата неизвесност околу приходите да ги намали трошоците колку што е можно повеќе. Тоа подразбира и флексибилност на сите вработени. Клубот одлучи жртвата да ја подели на сите. Сите мораме да учествуваме. Андерлехт е клуб кој низ историјата се нашол во големи проблеми, но секогаш излегувал како победник. Ќе победиме и сега“, стои во обраќањето на клубот.

Наводно Белгијците должат 100 милиони евра и поради ситуацијата во овој момент тој долг може дополнително да порасне.

Инаку, Андерлехт е најтрофејниот белгиски клуб со освоени 34 титули.

Треба да знаете
Последни објави