Search

Славната глумица порача: “Нема да го одредувам полот на детето, за тоа ќе одлучи кога ќе порасне”

Глумицата Кејт Хадсон не сака да го одреди полот на своето дете и тврди дека нејзиното дете ќе одлучи што сака да биде кога ќе порасне. Таа досега родила три деца.

“Тоа што родив девојче не го менува мојот пристап на целата ситуација, но сакам да ја воспитувам така што нема да се оптоварува со полот. Сè уште не знаеме како ќе се идентификува”, вели Кејт додавајќи дека детото засега се однесува како девојче.

Глумицата и сама пораснала со постари браќа и поради тоа гледа разлика помеѓу половите и знае дека децата не треба да се оптоваруваат со тоа.

“Јас и кога носев фустан се однесував како момче, а мојот брат обожуваше да облекува женска облека, па се разменувавме”, вели низ смеа Кејт.

Таа додаде дека сака и нејзините два синови да размислуваат на истиот начин и одлучила дека нема да ги оптоварува со комплицирани работи. Им дозволува да ја купуваат облеката која ќе ја посакаат, а на својата ќерка ѝ купува неутрална облека.

Треба да знаете
Последни објави