Search

Славески: Реализацијата на капиталните инвестиции е слаба точка на оваа Влада

Професорот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Славески вечерва гостуваше на емисија на телевизија Телма каде што истакна дека реализацијата на капиталните инвестиции беше на катастрофално ниво и во нормални услови и токму поради оваа причина тој изрази сомнеж дека годинава реализацијата на капиталните инвестиции ќе биде на задоволително ниво. Причината за ова Славески ја гледа во слабата подготвеност на проектите и и некапацитетноста на Владата.

„Реализацијата на капиталните инвестиции во нормални услови се покажа како ахилова пета на оваа Влада. Мислам не треба да се дискутираат. Да се потсетиме на дебати во ова студио и одгласи во јавноста дека имаме многу низок степен на реализација на капитални инвестиции и мислам ги знаеме причините нели, слаба подготвеност на проектите, некапацитетни тимови на буџетските корисници“, истакна Славески.

Треба да знаете
Последни објави