Search

Славески не заслужува да биде претседавач на Совет на главен град, истакна Ковачевски

Премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес-конференција критикувајќи го однесувањето на претседавачот на Советот на Град Скопје, Трајко Славевски, нагласи дека „таков човек не заслужува да биде претседавач на Совет на главен град”.

Ковачевски наведе дека му сугерирал на министерот за локална самоуправа Ристо Пенов, да им се помогне на општините.

– На министерот за локална самоуправа, кој за среќа е еден од најдобрите поранешни гадоначалници на Скопје, му сугерирав дека треба да направиме се што е во можност во рамки на надлежностите на Владата, заради граѓаните во која било од општините во државата, кај сите градоначалници, без разлика од која политичка партија доаѓаат, истакна премиерот.

Тој ги повика членовите на ВМРО-ДПМНЕ да се фатат за работа и да доаѓаат на официјални состаноци, а не да измислуваат тајни средби.

– Завршија и промоциите по скапи хотели за тоа што го довршија, што беше останато од градоначалниците на СДСМ. Помина и саемот на градоначалници којшто го првеа, на кој ништо не видовме. Сега гледам ќе имало отворени денови, ќе се правел нов буџет. Полесно ќе им биде да го направат буџетот, затоа што благодарение на министерот за финансии и на мене предложивме нов закон со нов концепт на финансиска децентрализација, рече Ковачевски.

Треба да знаете
Последни објави