Search

Славева: Недозволиво е да се пронајдат 500 вакцини со погрешни декларации со изминат рок

Здравствениот систем е во тотален хаос. Скандалот со вакцините што ја потресе јавноста е дното на оваа власт. Недозволиво е да се пронајдат 500 вакцини МРП на кои биле залепени погрешни декларации со веќе изминат рок на употреба и потоа само да се повлечат од 11 впунктови за вакцинирање во земјата, изјави Маја Славева од ВМРО-ДПМНЕ.

„Во ек на прогласена епидемија и тоа токму од министерот за здравство, Венко Филипче излегува на виделина информација дека има вакцини со изминат рок на траење. Прашуваме какви казнени мерки ќе бидат преземени? Кој е одговорен? Дали и на колку деца им се дадени вакви вакцини? Зошто надлежните уште од првиот ден по обелоденување на овој пропуст упорно тврдат дека сите вакцини против морбили, рубеола и паротит – МРП имаат валиден рок на употреба?“, праша таа.

Според неа, одговорнот мора да поднесат сите надлежни, а прв одговорност мора да поднесе министерот за здравство, Филипче.

Треба да знаете
Последни објави