Search

Скубе на местото на Карабатиќ во ПСЖ

Никола Карабатиќ ќе паузира неколку месеци поради повреда, па ПСЖ мора да ангажира ново засилувње на бековската позиција.

Дански „ТВ2 Спорт“ објави дека францускиот шампион ќе го ангажира Себастијан Скубе, постариот брат на поранешниот Вардарец, Сташ Скубе.

Скубе доби понуда да остане во Силкеборг и по оваа сезона, но не е задоволен со финансиските услови кои му биле понудени, па поради тоа ќе замине во ПСЖ доколку се договорат тимовите за трансфер.

ПСЖ во 2019 година сакаше да го ангажира екс-вардарецот Скубе, но плејмејкерот на крајот се пресели во Мешков Брест.

Треба да знаете
Последни објави