Search

Скршени врати на Инфоцентарот на ЕУ и на Министерството за економија

Вратите на Инфоцентарот на ЕУ, како и на Министерството за економија биле искршени ноќеска, информираше МВР.

-На 25.01.2019 година во 06.40 часот во СВР Скопје, полициски службеник за внатрешно обезбедување на Министерството за економија пријавил дека во 04.00 часот на улица „Јуриј Гагарин“ непознато лице ја искршило стаклената влезна врата на министерството. Пријавено е и оштетување на ретровизорот на возило „Поло“, паркирано пред зградата на министерството.  Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Според полицијата, вториот инцидент се случил околу 4.20 часот на булеварот Кирил и Методиј, кога Д.А.(22) од Скопје искршил две стаклени врати на објектот во кој што е сместен Инфоцентарот на Европска Унија. Тој бил приведен во Полициската станица Центар и по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

 

Треба да знаете
Последни објави