Search

Скорсезе позира покрај портрет „Злобни улици“, подарок од ќерката Франческа

Тој е еден од најценетите филмски режисери во светот.

А во понеделникот, Мартин Скорсезе (78) со гордост покажа оригинално уметничко дело што ја слави неговата истакната кариера.

Режисерот позира за фотографија покрај делото насловено Mean Streets („Злобни улици“).

Фотографијата  ја сподели на Инстаграм, и напиша: „Благодарам на мојата ќерка Франческа Скорсезе за овој прекрасен подарок! Оригинална слика од Aaron Gigi.“

Франческа е неговата 21-годишна ќерка со петтата сопруга Хелен Морис со која се ожени во 1999 година.

Делото претставува портрет на Скорсезе заедно со фотографии и наслови од некои од неговите најкултни филмови, вклучувајќи ги „Добри момци“,„Таксист“ и „Волкот од Волстрит“.

Треба да знаете
Последни објави