Search

Скопје ги обновува и пробива нови велосипедски патеки во централното подрачје

Од Град Скопје информираат дека е обновена хоризонталната сигнализација на велосипедската патека крај улицата „Даме Груев“ во центарот на градот.  Покрај обновувањето на постоечките вело-патеки од Градот соопштуваат дека ќе прават и нова на потегот од булеварот „Илинден“, кај „Агромеханика“, преку улицата „Даме Груев“, кај „Палета“, па се до слаткарницата „Малага“.

Во изминатите две години Град Скопје изградил нови и реконструирал постојни велосипедски патеки со годишен просек од околу 14 километри.

Треба да знаете
Последни објави