Search

Скопјанка тешко повредена откако паднала по скали во двокатен автобус

Жена на возраст од 69 години е тешко повредена откако се лизнала и паднала на скали во двокатен градски автобус во Скопје.
Од комплексот клиники „Мајка Тереза“ во пладневните часови на 7. декември во полиција пријавиле дека скопјанката Н.П.(69) била донесена со тешки телесни повреди.
Според пријавеното, жената се повредила додека се качувала на предните скали за горниот кат од автобус „јутонг“ на ЈСП, при што се лизнала и паднала.
Се преземаат мерки за расчистувње на случајот.

Треба да знаете
Последни објави