Search

Скопјанка тешко повредена во сообраќајка

Скопјанка била тешко повредена кога со автомобилот што го управувала се судрила со друго возило, вчера на пладне во Скопје.

Според полицијата, сообраќајката се случила во 13 часот на булеварот Александар Македонски.  Автомобил „мерцедес вито“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Б.(21) од селото Арачиново, се судрил со автомобил „мазда ЦХ-3“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Л.З.(65) од Скопје.

Од ударот со тешки повреди се здобила Л.З. и со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ каде и била укажана лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.

Треба да знаете
Последни објави