Search

Скопјанка прегазена во круг на фирма во Бутел, починала во болница

На 26.11.2020 во 09,20 часот во СВР Скопје, С.Б. пријавил дека на ул.„Босна и Херцеговина“ во круг на фирма во Скопје патничко моторно возило „нисан“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.Ч.(35) од с.Побожје, удрило во С.С.(63) од Скопје.

Повредената жена со возило на итна медицинска помош е пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде и се констатирани тешки телесни повреди, по што подоцна подлегнала на повредите.

За настанот е известен јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Треба да знаете
Последни објави