Search

Скопјанка паднала во автобус на ЈСП и завршила во болница

На 02.07.2020 во 21.45 часот било пријавено дека во Скопје, на ул.„Ѓорче Петров“, О.П.(57) од Скопје, превезувајќи се во автобус кој сообраќал на линија број 11, при тргнување на автобусот паднала и се повредила.

Во незгодата се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што била пренесена за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

Треба да знаете
Последни објави