Search

Скопјанка ограбена во влез од зграда, разбојникот ѝ се заканил со пиштол

Разбојник со пиштол ограбил скопјанка, вчера во влезот во зградата во која што живее во центарот на Скопје, дознава 24 инфо. Од МВР информираа за разбојништвото, но без да прецизираат детали за кривичното дело.

Според полицијата, С.Ј.(29) од Скопје вчера околу 19.10 часот на улица Козара била ограбена од непознато лице кое и се заканило со пиштол. При тоа и го зел мобилниот телефон и паричникот во кој имала 1.300 денари и документи. Од МВР велат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

24 Инфо, пак, дознава дека ограбената скопјанка живее во зграда на Козара во која што бил ограбена. Таа најверојатно била следена од разбојникот, кој чекал таа да влезе во зградата па влегол по неа и веднаш ја нападнал. Бидејќи влезната врата била со шифра не можел да ја отвори, па вознемирен ја натерал девојката, која била уште повознемирена од него, да му ја отвори вратата за да избега.

Како што дознаваме, разбојникот не бил маскиран, а оставил отпечатоци на вратата, па не би требало да биде проблем да биде идентификуван.

Треба да знаете
Последни објави