Search

Скопјанка завршила на ургентен: Физичка била нападната од својот пријател

Триесетитригодишна скопјанка вчера со физички повреди била донесена во Клиничкиот центар откако претходно физички била нападната од својот пријател, информираат од МВР.

 

Вчера во 21,40 часот од Ургентен Центар при Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека кај нив билa донесенa повреденa Е.С.(33).

Со неа бил извршен разговор во кој изјавила дека истиот ден околу 20,00 часот на паркинг во Скопје додека била во нејзиното возило заедно со нејзиниот пријател С.Т.(46), во еден момент тој физички ја нападнал.

Полицијата работи на целосно расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави