Search

Скопјанка вработена во обложувалница и нејзин пријател изглумиле грабеж

Секторот за внатрешни работи Скопје – Единицата за имотни деликти и малолетничка деликвенција – Одделение за имотни деликти и малолетничка деликвенција Гази Баба до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје поднесе кривична пријава против лицата А.Ж.(30) од Скопје поради основано сомнение дека извршил кривично дело „тешка кражба“ на дрзок начин и Ј.Б.(22) од Скопје поради основано сомнение дека извршила кривично дело „помагање“ и едно кривично дело „лажно пријавување“ на кривично дело по член 366 в.в кривично дело „разбојништво“,  при што се стекнале со противправна имотна корист од околу 196.000 денари.

 

Како што денеска соопшти МВР, на 05 септември годинава околу 09:30 часот првопријавениот извршил кривично дело тешка кражба на дрзок начин во спортската обложувалница лоцирана на улица „Маџари“ во Скопје. Кривичното дело го извршил на тој начин што, по претходен договор со второпријавената, со договорена закана со огнено оружје ја присилил да му ги даде парите од сефот од обложувалницата. Истото го извршил со цел да го прикрие долгот на парични средства кои претходно ги направил пријавениот уплаќајки поголем број тикети со високи суми, фиктивно без уплата на парични средства кои уплати ги извршила Ј.Б., вработена во обложувалницата.

Второпријавената кривичните дела ги извршила на тој начин што претходно со пријавениот А.Ж. се договорила истиот да дојде во обложувалницата вооружен со огнено оружје и да и ги побара паричните средства од касата, а се со цел истата да го прикрие минусното салдо на состојбата од касата на обложувалницата кое го направила на начин што се согласила да му изврши поголем број на фиктивни уплати на тикети на првопријавениот без уплата на парични средства.

Двете лица се приведени во Полициска станица.

Треба да знаете
Последни објави