Search

Скопјанката дала 52.000 денари на измамници, ја излажале дека ќерка ѝ прегазила дете па се понуделе да сведочат

На 06.08.2020 во 15,30 часот во СВР Скопје, Ѓ.Б.(77) од Скопје пријавила дека во 09.00 часот телефонски ѝ се јавиле две непознати лица кои ја известиле дека нејзините ќерка и зет во населба Аеродром со возило прегазиле дете.

При тоа едното лице се понудило да помогне како сведок на настанот, за што ѝ побарал пари. По одредено време на улица во населба Гоце Делчев во Скопје пристигнало патничко возило, со скопски регистарски ознаки, во кое имало две лица, по што Ѓ.Б. на едното му дала 52.000 денари.

Подоцна пријавителката исконтактирала со нејзиниот син, по што сфатила дека е измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави