Search

Скопјани под мотото „Време е за чист воздух“ ќе протестираат за загадување на воздухот

Утре во 12 часот, пред Инспекторатот на Град Скопје, скопјани под мотото „Време е за чист воздух“ ќе протестираат поради големото загадување на воздухот и ќе бараат мерки за решавање на проблемот.

Организаторите ги повикуваат сите да излезат за чист воздух и велат дека протестот не е партиски организиран.

„Да станеме сите за чист воздух. За нас, за тебе, за мене, за нашите дома, за нашите деца, за сите нас! Протестот не е партиски организиран. Организиран е од мене, од тебе, од твоето дете, од твојата мајка и татко, од сите нас“, порачаа организаторите преку социјалните мрежи.

Треба да знаете
Последни објави