Search

Скопјанец тешко повреден во судир на автомобил и камион

Скопјанец бил тешко пореден откако автомобилот во кој се возел се судрил со камион, вчера во Прилеп, информираше МВР.

 

Според полицијата, сообраќајната несреќа се случила на крстосницата од регионалниот пат Градско – Прилеп. Тогаш автомобил „форд “ управуван од С.С.(49) од Скопје се судрил со камион „Сканиа “што ја управувал В.Б.(34) од Прилеп.

Во судирот тешко е повреден совозачот во „фордот“, Р.М., а возачот  поминал со лесни повреди.

Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави