Search

Скопјанец со автомобил удрил во пешак во Куманово

Скопјанец со автомобил прегазил пешак и тешко го повредил, вчера во Куманово.

Според полицијата сообраќајката се случила околу 14.30 часот на булеварот 3-та Македонска ударна бригада. Автомобил „голф“ со скопски регистарски ознаки управувано од И.М. (72) од Скопје удрил во пешакот У.С (47) од Куманово. Повредената жена веднаш била пренесена во болницата во Куманово.

Увид на лице место извршила екипа од СВР-Куманово.

Треба да знаете
Последни објави