Search

Скопјанец сакал да си ја запали куќата

Агресивен скопјанец ја демолирал сопствената куќа и се обидел да ја запали, вчера во скопската населба Ѓорче Петров.

Според полицијата, вчера во 21 часот во ПС Ѓорче Петров, шест жители од од улицата Шар Планина, пријавиле дека нивниот сосед П.С.(29) агресивно се однесувал и кршел во својата куќа и се обидел да ја запали.

Полицијата веднаш интервенирала и го уапсила П.С. кој потоа со возило на Итна медицинска помош бил однесен во болница.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави