Search

Скопјанец пукал во кучето на соседот

Скопјанец со ловечка пушка пукал во кучето на неговиот сосед во село Трубарево.

Според информациите на полицијата, вчера А.Б. (33) пријавил во полиција дека истиот ден околу 15,30 во село Трубарево соседот Б.С.(76) со ловечка пушка пукал во неговото куче. На местото на настанот излегле полициски службеници, а од Б.С. е одземе е пушка „Застава М-70“ и два патрона.

Треба да знаете
Последни објави