Search

Скопјанец паднал од мотор и тешко се повредил

Скопјанец паднал од мотор и тешко се повредил, вчера во скопското село Стајковци.

Според полицијата, несреќата се случила околу 23.45 часот на улицата Алија Авдовиќ во селото Стајковци.

Т.М.(33) од селото Стајковци, управувајќи мопед „баотиан“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Т.М. и бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Треба да знаете
Последни објави