Search

Скопјанец паднал од мопед и тешко се повредил

Скопјанец бил тешко повреден кога со мопедот што го возел излетал од патот и паднал, вчера во Скопје.

Според полицијата, сообраќајната несреќа се случила во 11.30 часот, на крстосница од улиците Архитект Никола Добровиќ и Христо Татарчев.

С.И. (38) упавувајќи мопед „гилера“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.

Од падот возачот се здобил со тешки повреди по што бил пренесен во Градска општа болница „Свети Наум Охридски“.

 

Треба да знаете
Последни објави