Search

Скопјанец ограбен пред банка во Сарај, тројца со „калашникови“ му зеле 35.000 евра

Три лица маскирани со „фантомки“ одзеле торба со два милиона денари од жител на Крушопек
Три маскирани лица денеска околу 11 часот пред експозитурата на Халк банка во скопската населба Сарај нападнале жител на Крушопек, при што од него одзеле торба во која имало околу два милиона денари.

Како што дознава „360 степени“, двајца од напаѓачите биле вооружени со автоматски пушки, а нападот бил извршен кога жителот на Крушопек се паркирал со возилото пред банката. Тој планирал парите, кои потекнувале од промет од фирма со седиште во Сарај, да ги уплати во банката.

По нападот, напаѓачите кои носеле „фантомки“ избегале со возило со непознати регистарски броеви и се упатиле кон Матка. Полицијата трага по нив.

Треба да знаете
Последни објави