Search

Скопјанец на Фејсбук се заканувал на пратеници

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР во координација со ОЈО Скопје презеде мерки и активности поради споделена објава на социјалната мрежа Фејсбук од страна на И.Ј. (49) од Скопје, со која предизвикал загрозување на сигурноста на пратеници во Собранието на Република Македонија и ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем. Против И.Ј.с е поднесени кривични пријави за загрозување на сигурноста по чл.144-З и за  ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем по чл.394-г  од Кривичниот законик.

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика ќе продолжи со активностите со цел санкционирање на ваквите случаи. Ги повикуваме сите граѓани кои се изложени на вакви закани или сведочат вакви закани, истите да ги пријават во најблиската полициска станица или на адресата cybercrime@moi.gov.mk.

Треба да знаете
Последни објави