Search

Скопјанец нападнат со нож, оти неговата девојка должела пари

Скопјанецот Ф.Б.(26) бил нападнат во својот дом од четворица насилници, вчера во скопската населба Хром, информираше МВР.

Според полицијата, инцидентот се случил околу 23 часот на улицата Браќа Галеви. Додека бил во својот дом со девојката Р.М. и уште тројца пријатели, дошол Н.С. од Скопје и уште три лица. Тие физички ги нападнале барајќи од Р.М. да врати пари што ги должела. Во еден момент Н.С. со нож на расклопување го удрил Ф.Б. во пределот на левата нога.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на настанот.

Треба да знаете
Последни објави