Search

Скопјанец нападнат од ротвајлер, па го застрелал

Скопјанец застрелал куче од расата ротвајлер, завчера во скопската населба Пинтија, информираше МВР.

На 10.08.2019 во 18,25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „1439“, во дворот од куќата Д.Б.(44) со пиштол усмртил куче „Ротвајлер“, сопственост на неговиот сосед Ѓ.Н. (55), кое, според пријавеното, претходно, го нападнало. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Треба да знаете
Последни објави