Search

Скопјанец нападнат кај Стенковец, малолетник претепан во Визбгово

Во Полициската станица Бит Пазар вчера во 12.55 часот било пријавено дека истиот ден околу 12.40 часот на улица „192″ во село Визбегово три лица физички го нападнале Х.Р.(16) од село Визбегово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Завчера во 23 часот во СВР Скопје, Г.Д.(49) од Скопје пријавил дека на патот Стенковец-Скопје, бил физички нападнат од три лица од Скопје, кои ги познавал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера во 23.47 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Ј.А.(19) и М.З.(22), двајцата од Скопје, пријавиле дека истиот ден околу 23 часот на улицата „4-ти јули” биле физички нападнати од Д.К., Е.Л. и Е.С., сите од Скопје. Сочинети се записници за констатиран прекршок по член 12 став 2 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

Треба да знаете
Последни објави