Search

Скопјанец киднапиран поради долг

Четириесет и петгодишен скопјанец вчера пријавил во Полициската станица Ѓорче Петров дека претходниот ден бил лиен од слобода од неколку лица на улицата „Јуриј Гагарин“ во Скопје.

Тој тврдел дека го држеле во непознат стан во Ѓорче Петров, поради наводен долг на непозната сума на пари. Вчера околу 7.30 часот, поради невнимание на едно од лицата, тој успеал да избега. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави