Search

Скопјанец и жител на Кочани каснати од кучиња-скитници

Скопјанец и жител од Кочани завчера биле каснати од кучиња скитници, информира МВР.

Според полицијата, С.Т.(49) од Скопје вчера пријавил во ПС Драчево дека претходниот ден околу 11.30 часот во селото Зелениково, бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога.

В.С.(61) од Кочани вчера во 11.10 часот во ПС Кочани пријавил дека бил каснат од куче скитник во неделата околу 20.30 часот, додека се движел во близина на Трговскиот центар во Кочани.

Треба да знаете
Последни објави