Search

Скопјанец дилал амфетамини летоска во Охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.Т.(21) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори.

За истото дело се товари и Н.Ј.(19) од село Волково, кој добил кривична и за овозможување на употреба наркотични дроги.

Според полицијата, Д.Т. на 01.08.2018 година во Скопје му продал амфетамини на Н.Ј. кој дрогата ја однел во Охрид. Полицијата на 04.08.2018 година во Охрид, на улицата 7 Ноември извршила претрес во стан во кој под наем престојувал Н.Ј. и пронашле и одзеле амфетамини и марихуана. Исто така, било утврдено дека на наведената локација Н.Ј. им овозможил на три лица од Скопје да конзумираат марихуана.

Треба да знаете
Последни објави