Search

Скопски таксист сакал да силува девојка

Таксист се обидел да силува девојка, пред неколку дена во Скопје, информираше МВР.

Според полицијата, Л.К.М.(22) вчера го пријавила случајот во ПС Центар.

Таа кажала дека инцидентот се случил во неделата половина час по полноќ во Скопје. Девојката се возела со такси, кога возачот се обидел да ја силува, но не успеал во намерата.

Полицијата  презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави